Вести Македонија

Зајкова: Вистински патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа – преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ

Либерално-демократската партија (ЛДП) соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (EES), само еден ден по усвојувањето на резолуцијата на Конгресот на АЛДЕ во Виена, со која се бараат мерки за намалување на долгите задржувања на границите на Европската Унија.

Од ЛДП наведуваат дека итната резолуција била предложена од партијата заедно со сестринските партии од ЛИБСЕН и добила поддршка од мнозинството делегати на Конгресот.

Според партијата, македонската делегација предводена од претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, на Конгресот остварила средби со европратеници, еврокомесари, министри и претставници на либералните партии од Европа, на кои било побарано да се најде решение за долгите колони на граничните премини кон Европската Унија.

Од ЛДП посочуваат дека Европската комисија веќе најавила дека националните власти на граничните премини ќе можат привремено да ја суспендираат биометриската регистрација во случаи кога ќе се создадат долги редици, со цел да се избегне застој и колапс на граничните терминали.

„На сите им е доста од политичко гледање преку нишан кога мораме заедно да одработиме меѓународно. Вистинскиот патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа, преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ и преку конкретно олеснување на секојдневието на македонските граѓани“, изјави претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Од партијата оценуваат дека улогата на политичките партии и на државата на меѓународен план е преку конкретни иницијативи да придонесуваат за подобрување на условите за граѓаните и додаваат дека ќе продолжат да се залагаат за координиран европски пристап при решавањето на прашањата што ги засегаат македонските граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ: На самитот на НАТО во Турција нема ниту еден Албанец во државната делегација

Tea Dimkovska

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе