Проблемите на Балканот да се решаваат дипломатски на маса, бидејќи сеќавањата на траумите од минатот на Балканот се се уште свежи. Ова е пораката која денеска од Скопје ја упати претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, кој притоа рече дека за Турција е битно, по распадот на Југославија, овој регион да биде мирен и стабилен.
Освен на заедничкотот минато со земјите од Балканот и желбата на Турција да ја зајакне соработката со сите нив, тој за однсоите со Македонија рече дека тие од првиот миг се движат по нагорна линија.
Куртулмуш кој се наоѓа во тридневна посета на Македонија денеска имаше средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, кој ја искористи средбата да оддаде почит кон турскиот јазик, кој во Македонија се одбележува на денешен ден.
Гаши рече дека средбата со неговиот турски колега била конструктивна на која биле истакнати добрите догогодишни односи меѓу двете земји.
Куртулмуш освен со Гаши денеска ќе има средба и со претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Тој ќе има средби со претставници на турската заедница во Македонија со кои ќе го одбележи и Денот на турскиот јазик, а ќе има одделни средби и со претставници на политички партии во земјава.
Тамара Грнчароска