Вести Свет Топ вести

 САД ja поддржа новата сириска Влада под услов да се откаже од тероризам

Администрацијата на Бајден изјави дека ќе ја признае и поддржи новата сириска влада која ќе се откаже од тероризмот. За САД е важно Сирија да не стане база за тероризам и да не биде закана за безбедноста на соседните земји.

  • „САД целосно ја поддржуваат политичката транзиција предводена од Сирија и во сопственост на Сирија, која води до кредибилно, инклузивно и несекташко владеење. Нова влада, почитување на правата на малцинствата, олеснување на хуманитарната помош. Заштита на Сирија да не биде користена како база за тероризам или да претставува закана за своите соседи, обезбедување и безбедно уништување на залихите на хемиско оружје“ изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Израелските тенкови продолжија да се движат во тампон зоната меѓу окупираната Голанска Висорамнина и Сирија. Израел соопшти дека бомбардирал повеќе од 350 воени локации во Сирија во последните 48 часа, насочени кон „поголемиот дел од залихите на стратешко оружје“ во земјата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападите се неопходни за да се спречи употребата на оружјето против Израел.

Портпаролот на Кремљ Песков изјави дека внимателно ја следат ситуацијата во Сирија со оние кои моментално ја контролираат ситуацијата во Сирија.

  • „Се разбира, ние највнимателно следиме што се случува во Сирија. Знаете дека ние, се разбира, одржуваме контакти со оние кои моментално ја контролираат ситуацијата во Сирија. Тоа е неопходно затоа што таму се наоѓаат нашите бази, таму е сместено нашето дипломатско претставништво и, секако, прашањето поврзано со обезбедувањето на безбедноста на овие објекти е исклучително важно и од примарно значење“ изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Бунтовниците кои ја соборија сириската влада изјавија дека целосно го зазеле градот Деир ел-Зур по интензивните битки со силите предводени од Курдите, поддржани од САД.

Член на џихадистичката група Хајат ал-Тахрир, која ја предводи бунтовничката алијанса, изјави дека групата наскоро ќе изврши темелно чистење на населбите на градот за да ја обезбеди областа, додавајќи дека стратешкиот близок град Букамал исто така падна во рацете на опозициските сили. Тој рече дека потоа ќе напредуваат кон Рака и Хасака и други области во источна Сирија.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе