Вести Македонија Топ вести

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Поради префрлање на податоците од едeн во друг, нов систем  кое го прави Министерството за социјална политика, демографија и млади, лица приматели на социјална заштита се уште го немаат добиено својот надоместок.  Станува збор за приматели на помош за нега од друго лице , надомесотк заради попреченост, надоместок за сметсување во згрижувачко семејство.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади велат дека исплатата на одредени надоместоци ќе се изврши дополнително затоа што се вршат работи кои се од техничка природа, односно се прави миграција на податоците од стар во нов систем. Повикуваат на разбирање.

Министерството повикува на разбирање од корисниците и упатува уверување дека се работи за краток временски педиод, односно исплатата на надоместокот ќе биде реализирана во најкус можен рок, се вели во сописот од министерството  

Од банкарскиот сектор за Телма соопштуваат дека граѓаните приматели на ваквата помош гневни секојдневно доаѓале на шалтерите  во банките во очекување на информација, кога ќе го добијат својот надоместок со кој живеат. Во центрите за грижа на кориснции имале стотици повици за неколку часа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе