Во овој импровизиран верски објект, во кој години наназад служел за молитва, пронајдени се безживотните тела на 14 -годишното момче и двајца повозрасни мажи. Во ова трошна куќа, која од синоќа е затворена со полициска лента, нашата камера регистрираше неколку ќебиња и плинска боца.
Импровизираната џамија се наоѓа во селото Црвени брегови во Неготино, каде живеат околу 100 луѓе, кои главно живеат од земјоделие. Селаните велат дека почувствувале мирис на плин кобниот ден за време на молитвата и не очекувале дека некој ќе преноќи таму.
Дента тие сигурно биле живи. Вечерта после 20 часот може да починале. Тогаш дошле децата кои живеат тука и забележале дека нема никакво движење и провериле преку прозор и што да видат тие веќе биле починати. соседот го скрши прозорецот и веднаш го намирисал плинот и внатре не можевме да влеземе. Повикавме лекари и полиција кои утврдија дека сите тројца се починати, велат жителите.
Од СВР Велес каде бил пријавен случајот велат дека лекари констатирале смрт, без траги на насилство.
На 08 декември во 16.35 во ОВР Неготино било пријавено дека во куќа во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени починати Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови, ни изјави билјана ѓаковска од свр велес.
И јавниот обвинител потврдува дека немало траги на насилство кај тројцата починати. Телата се на обдукција, а се проверува и планскиот уред со кој го загревале објектот.
Тамара Марковска