Вести Македонија Топ вести

Минчев во „Топ тема“: Прерано е за зголемување на возрасната граница за пензионирање

Сепак се работи за препораки на Фискалниот совет. Во него членуваат луѓе со навистина големо експертско искуство и, секако, тие препораки треба добро да се анализираат, се почитуваат нивните ставови, но, според една мини анализа, како влада сметаме дека е прерано да се оди со зголемување на возрасната граница за пензионирање, изјави Горан Минчев, министер за јавна администрација, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тој став беше денеска кажан од премиерот. Значи во овој момент останува законското решение кое е на сила, односно 64 години за мажите и 62 години за жените“, вели Минчев.

За одење кон еден, така крупен чекор, Минчев смета дека е потребна малку поголема анализа.

„Мислам дека треба да се отвори јавна расправа во која што ќе бидат вклучени низа на релевантни фактори за да дојдеме до тоа решение. Затоа што мора точно да знаеме што се добива, а што се губи со евентуална таква измена во такво законското решение“, додаде Минчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе