Вести Македонија Топ вести Топ тема

Топ Тема: Каква реформа на локалната самоуправа е потребна – Од што ќе се финансираат општините кога ќе снема градежни парцели?

Каква реформа на локалната самоуправа е потребна? Од што ќе се финансираат кога ќе снема градежни парцели? Општините одработуваат владини, владата општински проекти –  какви аномалии покажа проектот 100 милиони за инфраструктурни проекти.

Во вечерашната дебата на Топ Тема на овие теми со свои одговори се произнесоа Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина, Перо Костадинов, градоначалник на Валандово и Дарко Костовски, градоначалник на Бутел.

Според Шапуриќ потребата од отповикување на градоначалникот е неминовна. Тој вели дека изминатиот период постоеа многу дилеми околу ова прашање. Но е на ставот дека треба да се смени регулативата и понатаму градоначалникот треба да се избира на непосредни избори.

– Треба да има определен цензус кој треба над 50 проценти од гласовите со кои бил избран градоначалникот. Треба да се намалат надлежностите кои се прилично големи. Сметам дека мора да се вметнат и одредби со кои и советот би сносел одговорност за да не трпат граѓаните, изјави Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина

За градоначалникот Костадинов пак „паричката“ има две страни. Едно е да се дискутира за отповикување на градоначалникот другата страна е да се погледне реалната слика како се реагира и работи.

– Зелс години наназат има низа заложби за унапредување на системот. Не само градоначалникот и единиците на локалната самоуправа имаат голем број пренесени надлежности, а степенот на децентрализација е многу низок, мал. Надлежностите на локалните самоуправи се навистина големи. Јас ќе се заложам да ги унапредуваме процесите на децентрализација на повеќе нивоа покрај финансиска и институционална. Ние во моментот дискутираме за пренесени надлежности, а во суштина сме само „поштари“, изјави Костадинов.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, пак вели не би сакал оваа дебата да се претвори во тоа дека градоначалниците имаат преголеми ингеренции. Според него сепак и граѓаните учествуваат во донесување на некои од одлуките.

– Суштината на светските токови е да имаме што поголема децентрализација. Верувам дека и во минатото имало проблем во таа нејасна поделеност меѓу ингиренциите на Градот Скопје и општинските власти. Имаше една иницијатива но остана нејасна како сето тоа да се реши. Јас сум убеден дека доколку дојде квалитетен градоначалник на Град Скопје оваа тема нема да остане дотолку отворена како што е сега, изјави Костовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе