Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Студентите ќе имаат можност да стекнат практично работно искуство во општините преку програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, програмата ќе им овозможи на студентите стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред дипломирањето, работејќи директно во општинските администрации.

Од партијата наведуваат дека мерката е дел од Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031 и има за цел да ја зголеми вработливоста на младите, да го намали јазот меѓу образованието и потребите на пазарот на труд, како и да придонесе за надминување на недостигот од вештини, особено во регионите каде што младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност.

Во соопштението се посочува дека вклучувањето на студентите ќе го координира надлежната агенција ИНОВА, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и во соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа, согласно потребите на општинските администрации.

Партијата додава дека целта е младите да добијат повеќе можности за личен и професионален развој и својата иднина да ја градат во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничената Украинка за експлозијата во Монако, е пронајдена мртва

Дејан Дејан

Дојчиновски: Младите се селат од Македонија затоа што власта им ја одзема перспективата

Tea Dimkovska

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе