Вести Македонија

Дојчиновски: Младите се селат од Македонија затоа што власта им ја одзема перспективата

Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите вели Кристијан Дојчиновски од СДСМ во денешното видео соопштение. Тој објаснува дека со ребалансот на буџетот, власта повторно покажавува кои им се приоритетите. И дека наместо издвојување на повеќе пари за млади и демографски политики, тие ги кратат средствата. Па така од 71 милион денари, за демографски политики се издвојуваат само 21 милион денари.
„Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари. За младите нема пари, но затоа има милиони за нови задолжувања и криминални партиски тендери. За две години ја задолжија државата, ги задолжија младите и исните генерации за нови 2,5 милијарди евра. Нема 600 евра минимална плата, нема повеќе средства за младите, образованието и студентите, но има пари за криминални тендери и партиски бизниси“, вели Дојчиновски од СДСМ. 
Тој потенцира дека младите не си заминуваат затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што власта им ја одзема перспективата. Во држава во која партиската книшка вреди повеќе од дипломата, а врските повеќе од знаењето, младите не гледаат иднина додава тој.
СДСМ со амандмани бара повеќе пари за младите, за демографските политики, за студентскиот и ученичкиот оброк, како и за образованието. Во соопштението се додава дека партијата ќе продолжи да се бори за држава во која буџетот ќе инвестира во младите, а не во криминални тендери.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

Tea Dimkovska

(Видео)Над десетици илјади жители евакуирани поради поплавите предизвикани од тропска бура во Кина

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе