Uncategorized Вести Македонија

Загрижува одлуката за тајно гласање на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за изборот на директор

Блупринт групата за реформи во правосудството изразува загриженост за одлуката на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители да го изврши изборот на Директор на Академијата по пат на тајно гласање со можност за избор на повеќе кандидати, без притоа да даде соодветно објаснување зошто е неопходно гласањето да биде тајно.

Имено, Законот и Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители содржат одредби кои го регулираат одржувањето на  јавна седница и јавното гласање при носење на одлуките на Управниот одбор. Член 12 од Законот предвидува дека „работите од својот делокруг Управниот одбор ги врши на јавна седница“ додека член 9 од Статутот на Академијата јасно истакнува дека „Одлуките на седниците на Управниот одбор, Програмскиот совет, Комисијата за приемен испит, Комисијата за завршен испит и Комисијата за ревизија се донесуваат по пат на јавно гласање.“ Односно членовите на телата можат за гласаат ЗА или ПРОТИВ определен предлог по пат на јавно гласање.

Тајното гласање за избор на Директор на институција која што е единствениот пат за некој да може да биде избран за судија или обвинител само го доведува во прашање кредибилитетот на изборот и остава простор за сомнеж кај јавноста за можни надворешни влијанија.

Неспорно е дека кандидатот кој што е избран е можеби најсоодветниот за оваа позиција, но без овозможување на јавно гласање и соодветна дискусија и образложение на одлуката за избор на кандидатката доведен е во прашање легитимитетот на изборот кој што не е спроведен во транспарентна постапка што дополнително може да влијае на и онака ниската доверба во судството.

Изборот на вишата обвинителка Ирина Трајкоска Стрезоски за директорка е нетранспарентен – првите реакции во јавноста по изборот во АСЈО

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Драмски театар не ја додели наградата „Горан Стефановски“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе