Спорт Фудбал

Иван Јуриќ го наследи Де Роси на клупата на Рома

Рома откако утринава му врачи отказ на Даниеле де Роси експресно го назначи Иван Јуриќ за нов тренер.

Хрватскиот стратег потпиша договор со „волчицата“ до јуни 2025 година со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона ако клубот се избори за место во Лигата на шампиони.

Јуриќ добро ја познава Серија А, бидејќи претходно го водеше Кротоне до историски прв пласман во италијанската елита, а потоа работеше и во Џенова, Верона и во Торино до крајот на минатата сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе