Вести Култура Македонија

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинашен добитник на наградата „Прозарт“

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинашен добитник на наградата „Прозарт“, што интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ по 12-ти пат ја доделува на истакнат автор, за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

Секогаш верував во таа балканска кооперација и навистина ми е драго што наградата ми се доделува во Скопје и има посебна симболика за мене, вели Пиштало, за кого книжевните критичари оценуваат дека станува збор за писател што ги означи еволуцијата, како и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20-от и почетокот на 21-от век.

„Тоа е пред се меѓународна награда, потоа регионална балканска и јас секогаш мислев дека запознавањето на регионот е многу важно нешто. Човек често многу повеќе ќе добие од посетите на земјите во балканскиот регион, одошто во Данска која може да му значи нешто или не. Тука ја гледате другата страна на познатото што е многу важно. И јас навистина верувам во балканската кооперација и исто така верувам дека постојат неверојатно многу сличности и јас велам дека балканските народи се преправаат дека веруваат во различни богови, а веруваат во ист Бог кој се вика Страст и имаат ист непријател кого ги викаат Промаја. Промајата е најголем непријател на Балканот ако прозорецот останал отворен. Има многу сличности, многу ми е драго што тој вид на кооперација, регионална која во исто време е и меѓународна кооперација постои и во Скопје“, истакна Пиштало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе