Вести Македонија Најважни

Најдоцна наредниот месец обвинение за Палевски

Истрагата против Љупчо Палевски Палчо, кој се товари дека е организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е при крај и најдоцна наредниот месец ќе има обвинителен акт. Ова денеска го најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тврди дека има докази против Палевски.

„Најверојатно до крајот на месецов или почеток на другиот со оглед на информациите кои што ги имам постапката е при крај и преземени се сите процесни дејствија што треба да се преземат. Законот дозволува спојување на постапките и нема никаков проблем со оглед дека се работи за ист кривично правен настан и набрзо ќе има обвинение и за него. Постапките ќе се  спојат и ќе се води една и единствена постапка за сите обвинети“, изјави Коцевски. 

Истрагата против Палевски започна во мај откако беше екстрадиран од Турција, а најдоцна може да трае 6 месеци. Но, сепак ќе заврши отприлика кога е закажано и првото рочиште за другите обвинети на 30 јули. Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се товарат дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Тие кога беа приведени го посочија Палевски како главниот организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и ја однесоа полицијата до телата на жртвите.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Извесно е дека за Видевски, Манев и Кешишов  ќе се бара највисока казна- доживотен затвор. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Доживотен затвор се очекува и за Палевски. За Ѓорчевски пак запретената казна затвор е максимум 10 години.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе