Uncategorized Вести Македонија Најважни

Пожарите не стивнуваат – гори главно непристапен терен, а општините бараат помош од воздух во гаснењето

Горат шуми на повеќе локации низ земјава. Повреден е жител на село Сирково, Росоман. При гаснење на пожарот се здобил со изгореници на рацете и едната нога.

Со зголемувањето на температури во попладневните часови, огнот се разгорува. Таква е и огнената стихија на планината Серта. Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Ова е ново жариште и линијата на огнот на оваа планина се зголемува. Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се анагажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината. Тој најави и свикување на кризниот штаб вечерва и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.

Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Воздухопловите се пренасочени кон планината Кожуф. Попладнево од воздух хеликоптерите и авионите ги гаснат пожарите и во Радовиш, Росоман, Долнени и на планината Серта во атарот село Калањево.

На пожарите, кои беснесат низ нашата земја повеќе од една недела на  терен се и пожарникарите, 100 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе