Uncategorized Вести Македонија Најважни

Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме

ремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде од 15 до 22, а максималната од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Според УХМР, од понеделник во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе