Вести Македонија Топ вести

Ристевска Јорданова во „Топ тема“: Проширувањето на ЕУ не очекувам да добие приоритет со значајните промени во Европскиот парламент

Проширувањето на Европската унија, дефинитивно, не беше една од главните теми во предизборието, не очекувам ниту со поместувањата во Европскиот парламент, тоа да добие приоритет, рече Малинка Ристевска Јорданова, експертка за ЕУ и оновачка на Институтот за европска политика, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Анализата на програмите на политичките групации за овие избори за европско ниво покажува различни ставови. Покрај тоа што, да кажеме, повеќето се декларативно „за“ проширување, меѓутоа ставовите се нијансирани. Прашањето на проширување во изминатите година-две најчесто се поврзуваше со реформите и во програмите најчесто стои заедно. Ако, на пример, ја земеме Европската народна партија, таа е доста воздржана во однос на реформите во ЕУ, иако е „за“ реформи во ЕУ и вели дека во наредниот мандат ќе се залага да почне Конвенција за промена на договорите, меѓутоа тоа не е временски строго поставено“, вели Ристевска Јорданова.

Одговорноста за процесот на проширување, нагласи Ристевска Јорданова, се става на кандидатите.

„Тоа не е ништо ново. И се декларира еднаков третман, речиси сите декларираат еднаков третман, но она што ние видовме од „еднаквиот третман“ е практично дека немаше еднаков третман. И, речиси, сите декларираат владеење на правото на прво место, меѓутоа, исто така, видовме дека тоа не беше секогаш на прво место“, смета Ристевска Јорданова.

Таа забележува дека единствено кај Европската народна партија, меѓу минимум предуслови за проширување, покрај демократија, владеење на правото и човекови права, се споменува дека добрососедските односи со држави членки на Унијата се, исто така, минимум предуслови за проширување.

„И тука, очиглено, Неа демократија и ГЕРБ на Радев, кои што се членки на Европската народна партија, имале свое влијание. И ова е нешто што не е ново, Постојано си беше таму, меѓутоа сега е напишано. За разлика од нив, социјалдемократите ветуваат некакви ефективни реформи, меѓутоа таргетирани. И посебно споменуваат проширување најпрво со Западен Балкан. Не сите во пакет. И тие таргетирани реформи знали дека може и со помало, да кажеме, забраздување во длабочината на реформите, да се оди на проширување кон Западниот Балкан, барем на ниво на програма. „Зелените“ се про проширувањето, дури ветуваат дека ќе работат на укинување на ветото во Советот што сега го спречува пристапувањето. Но, тие слабеат и поддршката од нив за ова ќе биде помала. Либералите најцврсто го поврзуваат проширување со реформи и тие беа за длабоки реформи. Меѓутоа, кај конзервативците, тие имаат една формулација, тие не го отфрлаат, велат ќе го земеме предвид проширувањето со стратешки важни земји., но тоа не смее да биде мотив за продлабочување на ЕУ и нејзините надлежности“, вели Ристевска Јорданова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе