Вести Македонија Најважни

Кривичен му го зема пасошот на Мемети, а на Георгиев му го потврди 30-дневниот притвор

Заменик претседателот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети остана без пасош и со обврска редовно да се јавува во суд. Судијата ги прифати мерките прелдожени од обвинителството поради опасност од влијание на сведоци и повторување на делото.

Со овие мерки Мемети ќе може да оди на работа а тој се надева и дека за брзо време ќе се утврди дека нема одговорност. Доказите против него се уште не ги видел и не сакаше многу да зборува  за истрагата во која е осомничен дека со врховниот судија Наке Георгиев му ветувале на обвинетиот екс градоначалникот на ново село Боро Стројчев олеснувања во предметот за шверц со марихуана

-Видете, ова секако дека како човек ме погаѓа, мегутоа не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Но, ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум стори, рече Мемети во изјава за медиумите.

– Ги знам јас сите, и обвинители и судии, и се дружам, разговараме, пиеме кафе, рече Мемети за тоа дали комуницирал со Георгиев, но негираше дека разговарале за конкретни предмети.

Првоосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев останува во притвор 30 дена. Кривичниот совет од тројца судии ја одби жалбата на одбраната која бараше поблага мерка со обралзожение дека без опасност од бегство не треба да се опредлеува ниту најстрога мерка за обезбедување присуство.

Обвинителството објави дека врховниот судија бил фатен на дело со парите но не откри конкретно какви поволности лажно  му ветувале двајцата влијателни функционери во правосудството на Стојчев. Неофицијално дознаваме дека истрагата ги сомничи за ветување дека ќе издејствуваат спогодба со која обвинетиот Стојчев ќе помине со пониска затворска  казна. По потпишната спогодба со која Стојчев добил 5 години и 3 месеци неговиот син му се јавил на судијата Георгиев за да се раздолжи  и на паркинг во близина на Ист Гејт му ги предал обележаните 10 илјади евра во плик.  Но со ваквиот редослед на случувањата на обвинителството  не се согласува одбраната. Герогиев веќе се изјаснил пред судијата дека е наместен што укажува на тоа дека ќе тврди дека не знаел што има во пликот односно не барал и очекувал пари.

Врховиот судија до сега не дал исказ пред обвинител но според информациите на Телма вчера бил сослушан пријавителот односно синот на екс градоначалникот на Ново Село.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе