Вести Македонија Најважни

ДУИ им испорача куфер на Вреди

Коалициските партнери во Европскиот фронт предводен од ДУИ се уште не разговарал за тоа дали и на кој кандидат ќе ги даде гласовите во вториот круг од претседателските избори, но дел од коалициските партнери веќе јавно истапуваат со својотстав по ова прашање.

„Ако е до мене лично, не би гласал ниту за едниот ниту за другиот. Таква перспектива досега не научивме од Македонците да бидат подготвени да гласаат за Албанец. Меѓутоа крајната одлука ќе ја донесат Фронтот“, изјави Скендер Реџепи Зејд, лидерот на Народно движење, дел од Европскиот фронт.

Од Европскиот фронт пак стигна усогласен одговор на синоќешниот повик налидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до опозициската ВРЕДИ и нејзиниот кандидат за претседател, Арбен Таравари, за постизобрно коалицирање во влада.

„Нормално е дека Мицкоски ќе се обидува со слабиот и сервилен да си направи влада. Меѓутоа собранието во оваа ситуација се граѓаните кои живеат во општините кои што се мнозинство Албанци и ако тие одлучат дека на 8 мај ние ќе ги предводиме, нема да вреди таа изјава воопшто, доколку, а така ќе биде, на 8 мај ние се славиме победам двојно повисока од таа на претседателските избори“, изјави Реџепи Зејд.

Инаку на неполни 24 часа по првиот круг на претседателски избори се интензивира битката за парламентарните избори во албанскиот политички блок и тоа со испорака на куфер придружен од соодветна песна за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, но и за еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, од нивните опоненти од Европски фронт.

„Им ја знаеме позицијата, но мора да ја види и топ листата, а на топ листата број еден се луѓето што се тука и граѓаните на Чаир. Затоа нека си го земе куферчето. Мало е затоа што толкави му се работите, нека се спакува и нека си замине, нека ја ослободи окупираната општина Чаир“, порача Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ.

Од Европскиот форнт најавија дека ќе ги посетат и другите општини управувани од градочалници од коалицијата ВРЕДИ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе