Вести Избори 2024 Македонија Најважни Претседателски избори 2024

Силјановска Давкова: Ќе соработувам со партијата која ме предложи, но и со владата, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите

Запомнете, јас ќе соработувам со партијата што ме предложи, ќе соработувам со премиерот, со министрите, но ќе соработувам и со опозицијата, со невладиниот сектор, со медиумите. Знам дека претседател/претседателка на држава мора да биде натпартиска личност, да слуша, да докажува, да инспирира, да го исполнува ветеното, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија, на вечерашната прес-конференција.

„Ќе се обидам секој ден и секому да докажам, да покажам дека сум таму не заради пмојата политичка кариера, туку заради Македонија. Дека сакам да бидат горди на мене, бидејќи јас ќе го докажувам тоа, дека Македонија за да биде горда, мора да биде слична на останатите демократски држави, да биде стандардна, да биде втемелена на владеење на правото, да биде посакувано,м навистина пристојно место за политички натпревар. Македонија не може да биде само моја, Македонија мора да биде на сите вас, да биде твоја, ваша, па нека биде и наша тогаш“, изјави Силјановска Давкова.

За резултатот од првиот круг на претседателските избори рече дека е неверојатно инспиративен за неа.

„Нема зборови со кои можам да ја изразам благодарноста. На пати и се срамам – зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат. Не мислам дека сум посебна во многу работи, само знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин. Во тоа ве уверувам од првиот ден. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг. И во вториот круг, кон оној со кој ќе се натпреварувам, ќе се однесувам со должна почит“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека е горда на многумина, пред сè, на граѓаните. Не само на оние кои гласале за неа, туку и на останатите. Особено сум на горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката, без нив нема да го запознаев народот, ниту тој мене,

„Горда сум на мојот тим. Постојано беа со мене. Ме бодреа, ме критикуваа, ме советуваа. Горда сум на мномина од учесниците во изборната трка. Изборниот процес е најстраствениот политички процес, но мислам дека во дебатата, во изјавите не го пречекоривме лимитот и критериумот на пристојноста. Горда сум и на коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Каде и да бев јас, таму беа и тие. Се создаде една невидена синергија. Посебно сум горда на жените во Македонија, без оглед на било каква припадност“, порача меѓудругото Силјановска-Давкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запалени Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе