Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски

Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност, и така очекуваме дека ќе завршат резултатите до крај, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска.

Во вториот круг очекуваме уште поголема победа за професорката затоа што граѓаните веќе јасно гледаат и препознаваат дека професорката се бори за право и правда, и ова денес што се случува точно го покажува тоа. Ако во овој момент не ја дале поддршката за Стево Пендаровски во вториот круг воопшто не очекуваме дека ќе ја дадат поддршката за него. Сите гласови кои што сега ги имаат помалите партии убедени сме дека ќе завршат на сметка на професорката Силјановска Давкова, рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска – Кочоска изјави и дека опозициската партија очекува уште поголема излезност во вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори.

Очекуваме уште поголема излезност и поубедлива победа за ВМРО-ДПМНЕ. Орача Димитриеска – Кочоска.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека победата на парламентарните партии на нејзината партија ќе биде уште поголема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе