Вести Македонија Најважни

Сериозна владина корупција и насилство врз новинари нотира извештајот за човекови права на Стејт департментот

Сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, се регистрирани во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија во 2023 година, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Извештајот наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно. Во него се вели и дека Државната комисија за спречување на корупцијата забележала дека корупцијата во земјава генерално се влошила.

Извештајот забележува значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери.

Стејт департментот ја нотира состојбата со човековите права во речиси 200 земји и територии низ светот.

Во однос на слобода на здружување во Бугарија, извештајот вели дека законот предвидува право на слобода на здружување и оти владата генерално го почитувала, но оти „властите продолжиле да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе