Вести Македонија Најважни

МВР и обвинителствотo се здружија во кризен штаб- утре ќе ловат прекршувања на изборниот процес, кршење кутии најмалку три години затвор

Кризен штаб, специјална комисија, дежурни обвинители и сите полицајци на терен. Истражителите и полицијата од утре дежураат и ќе ловат изборните нерегуларности. Во следење на изборите се вклучуваат и бирото за јавна безбедност како и агенцијата за национална безбедност. Казните се познати од над три години до максимални ако се предизвика и насилство при гласањето. Најмалку три години затвор кој ќе уништи ливчиња или гласачка кутија, порачуваат истражителите.

МВР и обвинителство се здружија во кризен штаб. Утре ќе ловат прекршувања на изборниот процес, а сите криминалци кои ќе се осудат да сторат кривични дела за кои е запретана казна и над 3 години ќе бидат процесуирани по итна постапка.

  • „Од страна на директорот на БЈБ беа презентирани информации во врска со Оперативната акција Претседателски и парламентарни избори 2024 година и во таа насока посочи дека од страна на Оперативниот штаб и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план и притоа не се констатирани никакви позначајни проблеми. Од страна на АНБ се преземаат организирани и координирани мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности, а во насока на безбедно спроведување на изборите,“ информираат од МВР.

Молкот барем засега важи и за прекршителите, барем така се огласија од обвинителството и потврдија дека до сега не е регистрирано ниту едно прекршување на кривичниот законик, но од утре обвинителите стапуваат на дежурство.

  • „Републичкиот јавен обвинител и претставниците од обвинителствата низ државата информираа дека е формирана Комисија за изборни нерегуларности во рамки на обвинителството, определени се зајакнати дежурства за изборниот ден за покривање на целото подрачје на државата и со будно внимание ќе се следи процесот и навремено ќе се известува за сите настани и активности кои се од интерес на јавноста, а поврзани со спроведувањето на изборите,“ потврдија од Јавно Обвинителство.

Кршење кутии, уништување гласачки ливчиња попречување и влијание при гласањето или поткуп на гласачи, обвинителите имаат на располагање кривични дела кај е предвидена затворска казна од над три години, а и можност за гонење до максимални 20 години затвор ако е употребна сила, оружје, предизвикана смрт.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе