Вести Македонија Најважни

Снег во април, паѓа на планините, во дебарско, на Стража

Во поширокиот дебарски регион паѓа снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри. Снег има на Стража.

Иако е втора половина на април, наглата промена на времето донесе постудени температури и снег на повисоките места. Врнежи и бела снежна покривка има и на Попова Шапка и Маврово.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози.

Во западниот дел од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај. Се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

– Сообраќајот се одвива непречено но по влажни коловози, на кои не се задржува снег. Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак,  поради влажниот коловоз, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација – изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато” или во должина од околу 120 километри.

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 22.4.2024

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Давкова од Чакали: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез

Дејан Дејан

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе