Откако претходно под закана со оружје одзеле автомобил, синоќа околу 23 часот, возејќи пукале со огнено оружје кон куќата на жител на Тетово. Возилото „фолксваген поло“ е пронајдено напуштено, додека по напаѓачите се трага.
За среќа повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Сопственикот нападот го пријавил во СВР Тетово, по што увидните екипи излегле на лице место и се работи на расчистување на случајот.
Во 01.35 часот на патот Тетово-Попова Шапка, поточно на земјен пат било пронајдено патничко моторно возило фолксваген поло, за постои сомнение дека било користено при извршување на ова дело. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото било одземено од двајца тетовчани, изјави портпаролот на свр тетово фатмир реџепи.
Инаку според првичните неофицијални информации, овој случај е поврзан со вооружениот инцидент кој се случи на 11 јануари во Клиничката болница во Тетово, кога со прострелни рани се здобија двајца браќа од тетовско Гајре, а по 10-тина едниот почина на скопските клиники, за што беа лишени од слобода 4 лица.
Како причина за инцидентот тогаш беше наведено дека се нерасчистени односи меѓу двете групи.
Данијела Билбилоска
