Вести Останато Спорт

Одземена олимписка титула на русинката Гулиев

Одземена е олимписката титула на руската атлетичарка Екатерина Поистогова – Гулиев, поради користење на забранета супстанца. Таа ќе биде суспендирана на две години и ќе ѝ биде одземен сребрениот медал кој го освои во трката на 800 метри на Олимписките игри во Лондон.

Во последното натпреварување, таа заврши на третото место во олимпиското финале на 800 метри, но подоцна беше наградена со сребро бидејќи друга руска победничка , беше прогласена за виновна поради користење на допинг.

Атлетичарката Гулиев има рок до 13 мај оваа година да поднесе жалба. Дколку не поднесе жалба во дадениот рок, истата одлука ќе се примени, соопштија од надлежната надзорна институција.

На нејзино место може да дојде Памела Јелимо од Кенија, додека на Американката Алисија Монтано ќе и припадне бронзата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе