Вести Најважни Свет

Драматична ескалација: САД предупредуваат на голем ракетен напад на Иран врз Израел

Соединетите американски Држави и нивните сојузници веруваат дека е неизбежен голем напад со проектили или беспилотни летала врз Израел.

Според Вашингтон, нападот ќе го изврши Иран или проирански групи на Блискиот Исток, а цел на нападот ќе бидат воени и владини цели во Израел.

Ваквите напади би значеле драматично проширување на војната која трае веќе половина година.

Потенцијалниот напад, веројатно со употреба на ракети со висока прецизност, може да се случи во наредните денови се вели во предупредувањето. „Сега тоа се смета за прашање на време, а не дали ќе се случи“, пренесува Блумберг додавајќи дека тоа се заснова на процените на американските и израелските разузнавачи.

Иран се закани дека ќе одговори со сила како одмазда за нападот на Тел Авив врз дипломатскиот комплекс во сирискиот главен град Дамаск минатата недела, во кој загинаа високи ирански воени претставници.

Израел експлицитно не призна дека стои зад нападот, иако традиционално ја следи политиката на двосмисленост за операциите во Сирија, Либан и на други места.

Во израелски напад врз Газа загинаа тројца синови на лидерот на Хамас

Во израелски воздушен напад вчера во Појасот Газа загинаа тројца синови на Исмаил Ханијe, лидерот на движењето Хамас – организација која САД и Европската унија ја сметаат за терористичка.

Ханијe ја потврди нивната смрт велејќи дека неговите синови биле „маченици на патот кон ослободувањето на Ерусалим и џамијата Ал Акса“. Според него убиствата нема да го притиснат Хамас да ги омекне своите позиции.

Дел од медиумите пренесоа дека Хазем, Амир и Мохамед Ханије биле убиени во напад во близина на бегалскиот камп Шати во градот Газа.

Браќата патувале со членовите на семејството во возило кое било цел на израелско беспилотно летало.

Бројот на убиени според министерството за здравство на Газа предводено од Хамас во смртоносната офанзива на Израел на Појасот Газа од 7 октомври минатата година достигна 33.482 лица.

Меѓу нив повеќе од 13 илјади се деца. Со последниот извештај се вели и дека во истиот период од неколку месеци регистриани се најмалку 76.049 ранети лица. По голем број се трага и за нив се верува дека се заробени под урнатините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе