Вести Најважни Свет

(Видео) Темно среде бел ден – милиони луѓе го гледаа затемнувањето на сонцето

Милиони луѓе имаа ретка можност да сведочат на целосно затемнување на сонцето, природен феномен кој привремено го затемни денот од Мексико до Канада. Луѓето со овации го следеа преносот во живо на НАСА кој се емитуваше од повеќе локации долж патеката на затемнувањето.

Настанот почна на пацифичкиот брег на Мексико во 20:07 часот по средноевропско време. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уживаше во „незаборавен ден“ во крајбрежниот град Мазатлан.

Патеката потоа почна да ја минува првата од 15-те погодени американски држави, од Тексас до Мејн, по што се упати кон источна Канада, каде што го заврши своето патување. Севкупно, сенката на Месечината помина над Америка за околу 90 минути.

Настанот, исто така, претставува економска можност за многу туристички региони, како и за научниците кои го проучуваат Сонцето.

„Целосното затемнување е еден од најемотивните настани што човек може да ги доживее. Бидете присутни. Заборавете на апаратите. Не обидувајте се да го снимате. Само бидете присутни. Впијте го. Плачете. Смејте се“, изјави астрономката на НАСА, Џејн Ригби.

Целосните затемнувања се случуваат кога Месечината доаѓа директно меѓу Земјата и Сонцето, привремено блокирајќи ја светлината на нашата ѕвезда среде бел ден.

Сонцето е околу 400 пати поголемо од Месечината, но и 400 пати подалеку, па изгледа дека двете ѕвезди се слични по големина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе