Вести Македонија Најважни

(Видео) Гори Универзална сала

Големи пламени јазици ја зафатија Универзалната сала. Над еден од симболите на Скопје, кој е во фаза на реконструкција, се издигнува густ црн чад. Причините за пожарот се непознати.

Граѓаните се вознемирени, јавноста со нетрпение ги очекува надлежните со причините за пожарот.

Екипи на противпожарната бригада се излезени на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, со отстранувањето на тешките последици и обновувањето на градот, започнала изградбата на Универзална сала, како трајно одбележување на хуманата акција на донатори од странство. Во хуманитарната акција учествувале 35 држави, а некои од нив се  Турција, Австралија, Јапонија, Канада, Израел, но и уште многу други.

Во 1965 година никнува објектот Универзална сала. Иако недовршен и без технички прием, во период од 26 јули до 2 август во 1965 година ги прима учесниците на втората „Средба на солидарноста“.

Покрај наведените актвности во 1965 година во Универзалната сала ќе се остварат и 2 драсмки претстави, со гостувањето на познатото „Атеље 212“, од Белград и тоа со претставите „Зад затворени врати“ и „Чекајќи го Годо“, во присуство на 3.300 посетители.

Во 1965. Година, на самиот старт на својата работа, во Униврзална сала се реализирани 9 настани со околу 13.300 посетители.

Салата е официјално пуштена во употреба 10. јануари 1966 година, како Центар за организирање на приредби, со драмската претстава „Виктор или деца на власт“, во изведба на белградското „Атеље 212“, а на 16. јануари е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе