Вести Македонија Најважни

Здравствените работници на протест за повисоки плати и јасни критериуми во однос на кадарот кој работи во здравството

Непотпишувањето на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да биде применет со мартовската плата, потпишување на нов колективен договор кој е во соогласност со четири закони, соединување на Клинички центар со еден директор и еден управен одбор, средување на хаосот со паркингот и регулирање на работниот однос на договорците и специјализантите се клучните барање  на Синдикатот на клинички центар и гранковиот при ССМ.

-Нашата порака е до политичките партии кои претендираат да ја освојат власта да сфатат дека веднаш по формирањето на новата Влада треба да се пристапи кон потпишување на овој анекс на колективниот договор. Значи нашите две пораки се да го искажеме незадоволството и втората дека нема да отстапиме од потпишување на анексот на Колективниот договор, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

-Последните три министри иако инсистиравме, изработката на новиот колективен договор е 90% направена, значи тоа го направи министерот Беким Сали, се формираше работна комисија и имаше мандат една година, тоа е речиси завршена работа, усогласена и по професии со Закон за работни односи, со Закон за здравствена заштита. Еден апел до министерот да се формира таа Комисија,изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар. 

За сите треба да биде приоритет мотивираноста на вработените во здравството и критериум во однос на кадарот во Клинички центар.

Во овие здравствени институции влегува и несоодветен, неспособен медицински кадар, поминат независно низ некои филтри каде што и тие се запослуваат со стално решение, а нивната работа ја завршиваат вработени кои се доста повозрасни од нив, изјави Даница Стојкова, медицинска сестра на Клиника за гинекологија и акушерство.

Со слични барања и Независните синдикати на здравствени работници :

Неселективно вработување, пополнување и унапредување на работни места кои намерно се оставаат празни, усогласување на плата согласно Закон за минимална, зголемување на коефициент како додаток на плата, изјава Ариф Ибраими, Независен синдикат на Клиничка болница – Тетово.

Изедначување на бенефициран стаж на медицинската екипа во Итната медоцинска помош и самите здравствени работници веќе немаат верба во јавното здравство, па мораме да склучуваме договори со приватното здравство, изјава Снежана Велјановска од независниот синдикат Клиничка болница Битола.

Во меѓувреме репрезентативните синдикати: Синдикатот на Клинички центар и гранковиот при ССМ беа повикани на средба во Министерството за здравство каде им беше речено дека ќе биде свикана работна група за доработка на Колективниот договор. Доколку не бидат исполнети нивните барања најавија протести по изборите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе