Останато Спорт

ФОТО галерија: Петрушев триумфираше на јубилејниот ИКАС

Ангел Петрушев е победник на 55. издание на ИКАС кое викендов се одржа на патеката во СЦ Матка.

Најдобриот македонски кајакар доминираше во изминативе два дена и сосема заслужено дојде до првото место. Доминацијата на нашите кајакари ја комплетираше Стефан Рибарски кој беше втор додека третата позиција му припадна на Марко Ѓорѓевиќ од Србија.

Во финалето настапија уште тројца македонски репрезентативци. Кристијан Смилев го освои петтото место, Александар Златаров беше осми додека 11. позиција му припадна на Борче Мирчевски.

Во женска конкуренција, Марија Пановска во освои второто место.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе