Вести Наука и здравје Свет Топ вести

Европското обвинителство потврди дека има истрага за Фон дер Лајен за набавката на корона вакцини и СМС пораките кои ги разменувала со директорот на Фајзер

Обвинители од Европското обвинителство истражуваат можни кривични дела за набавката на вакцините за Ковид поради СМС пораките кои ги разменувале претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, потврди за Политико, портапролот на Обвинителството чие седиште се наоѓа во Лиеж.

Набавката на Фајзер вакцини за целата Европска Унија беше во вредност од над 20 милијарди евра. Истражителите на европскиот јавен обвинител ја презеле истрагата од белгиското обвинителство. Во таа истрага беше опфатена Фон Дер Лајен поради „мешање во јавни набавки, уништување на СМС пораки, корупција и судир на интереси“, стои во документите во кои увид имале новинарите на Политико.

Истрагата е отворена по пријава на белгискиот активист Фредерик Балдан, а на таа пријава лани се приклучија унгарската и полската влада. Скандалот изби откако беше објавено дека пред да се склучи зделката, Фон Дер Лајен разменувала пораки со првиот човек на Фајзер. Аферата доби име „Фајзергејт“ кога се утврди дека претседателката на ЕК Фон дер Лајен ги избришала пораките од нејзиниот телефон.

Договорот беше склучен на крајот на 2021-ва и во тоа време беше сметан за победа на Фон Дер Лајен. Дополнително беше утврдено дека во членките на Европската Унија биле уништени вакцини за корона во вредност од околу 4 милијарди евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе