Вести Македонија Топ вести

Протестот во УЈП откажан, синдикатите преговараат со Петрова за повисоки плати

Интерен мејл со најава за дисциплинска постапка е причината поради која денес не се одржаа најавените протести организирани пред регионалните канцеларии на УЈП организирани од репрезентативниот синдикат „Солидарност“. Потписник на мејлот, според синдикалците е  директорката на УЈП, Елена Петрова, а испратен е во 7.20 часот утрово, точно два часа пред почетокот на најавените мирни протести. Петрова пак останува на ставот дека процесот за измена на колективниот договор и начинот на исплата на плати е во тек и тоа е единствениот начин на кој ќе се разговара со синдикатите.

Синдикатот „Солидарност“ и Петрова имаат дијаметрално спротивни гледишта на Законот за јавни собири. Според синдикатот законот признава право на протест во работно време, Петрова пак во интерниот допис нагласува дека вработените имаат право на штрајк а не на мирни протести.

„Голем број на вработени сабајлево дојдоа кај мене и се пожалија дека на интерно гласило на УЈП, од страна на работодавачот им е укажано дека таквото делување е недозволено и спротивно на закон, дека законот тоа не го предвидува и се известени дека за такво постапување и учество, поради наводно, согласно ставот на работодавачот, ќе бидат преземени мерки за одговорност за нарушување на работни обврски“, изјави Васе Неданоски, претседател на синдикатот „Солидарност“.

Од УЈП пак соопштија дека попладнево била одржана средба меѓу Петрова и претсавниците на двата репрезентативни синдикати „Солидарност“ и САДУ и дека е откочен процесот за носење на анексот на Колективниот6 договор со кој ќе има прилагодување за при пресметка на бодовите а со тоа и личниот доход. Од „Солидарност“ не ја исклучуваат и можноста за штрајк.

„Сметам дека најдеме начин да го надминеме проблемот. Штрајкот е законско и легитимно право за кое што треба да се направи подготовка, да се истрчаат определени процеси, но апелирам и до другата страна и се надевам дека ќе дојдеме до решение на овие состојби“, додава Неданоски.

Вработените во УЈП веќе четврти месец ги немаат добиени 7 проценти зголемување на платата како и усогласувањето со растот на минималната односно дополнителни 1.600 денари и тоа е причината поради која требаше да се одржат протест во траење од два часа пред сите регионални дирекции на Управата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

В среда омаж за Војкан Јовановиќ

Дејан Дејан

Новата А-интегрирана дозвола за УСЈЕ ќе биде по новиот, построг, закон, најави министерот Хоџа

Sasko Dimovski

Изборниот законик заглавен во партиските ровови, спикерот Гаши повикува на компромис и поддржува електронско гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе