Останато Спорт

Мартин славеше во Португалија, прв подиум за дебитантот Акоста

Хорхе Мартин стигна до победата на трката за Големата награда на Португалија во Мото ГП шампионатот. Имаше неколку излетувања, а посебно импресионираше дебитантот Педро Акоста, кој стигна до првиот подиум во кратката кариера во најсилната класа.

Мартин денеска доминираше на патеката во Портимао и заслужено дојде до триумфот. Зад него финишираше освојувачот на пол-позицијата Енеа Бастијанини и тоа откако Маверик Вињалес, кој беше втор, излета во последниот круг од трката поради проблеми со менувачот. Тоа му овозможи на дебитантот Педро Акоста да го освои третото место и да се искачи на подиумот на својата втора трка во најсилната класа.

На три круга до крајот актуелниот бранител на титулата Франческо Бањаја имаше контакт со шесткратниот првак Марк Маркез, па трката заврши за Италијанецот, а Шпанецот финишираше на 16-тото место.

Чевртото место го освои Бред Биндер, потоа следуваат Џек Милер, Марко Бецеки, Фабио Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Мигел Оливеира и Фабио ди Џанантонио.

Мартин сега го презема водството во генералниот поредок со 60 бодови, Биндер е втор со 42, додека потоа следуваат Бастијанини и Бањаја со 39, односно 37 бода.

Следната трка е за Големата награда на САД во Остин на 14 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе