Останато Спорт

Бастијанини најбрз во квалификациите, Вињалес славеше на спринтот во Португалија

Во Мото ГП шампионатот, Енеа Бастијанини ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Португалија, додека Маверик Вињалес беше најбрз на спринтот на патеката „Алгарве“.

Во квалификациите што се одржаа утринава, Бастијанини стигна до својата прва пол-позиција уште од 2022 година со најбрз круг од 1 минута, 37 секунди и 706 илјадитинки. Во првиот стартен ред утре на Италијанецот друштво ќе му прават и Маверик Вињалес и Хорхе Мартин. Потоа од вториот ред ќе тргне актуелниот бранител на светската титула Франческо Бањаја, а крај него ќе бидат Џек Милер и Марко Бецеки. Најдобрите десетмина ги комплетираат Педро Акоста, Марк Маркез, Фабио Квартараро и Бред Биндер.

На спринт трката триумфираше Вињалес пред Марк Маркез, додека на подиумот имаше место и за Хорхе Мартин. Бањаја беше четврти, а поени освоија и Милер, Бастијанини, Акоста, Алеиш Еспаргаро и Квартараро.

Во генералниот поредок води Бањаја со 37 бодови, два повеќе од Мартин, додека Биnдер е трет со осум бодови помалку од лидерот.

Утре трката за Големата награда на Португалија стартува од 15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе