Вести Наука и здравје Свет Топ вести

(Видео) Телепатски игра шах и „Civilisation VI“ на лаптоп – „Неуралинк“ објави снимка од првиот човек со нејзин мозочен имплант

Компанијата „Неуралинк“ објави прва снимка од пациент на кого претходно оваа година му беше вграден мозочен имплант, како дел од првото клиничко испитување на компанијата.

Компанијата на Илон Маск во живо емитуваше демо на платформата Икс со 29-годишен човек по име Нолан Арбо, кој рече дека е парализиран од вратот надолу по несреќа за време на нуркање пред осум години.

Арбо во видеото објаснува дека откако примил Имплантат, за што истакна дека операцијата била супер лесна, морал да научи да разликува „замислено движење од обид за движење“ за да може да го контролира курсорот на екранот.

„Многу време минавме во обидите да се помрднам. Се обидував, да речеме, да ја помрднам десната рака лево, напред, назад или десно, И оттаму мислам дека ми стана интуитивно да почнам да замислувам како се движи курсорот“, рече тој.

Во видеото, во кое е прикажан и инженер на „Неуралинк“, Арбо демонстрира интерфејс мозок – компјутер со помрднување на курсорот по екранот на лаптоп. Рече дека имплантот му овозоможил да игра шах и видеоиграта „Civilisation VI“. Нагласи дека и порано користел други помошни уреди, како стапчиња за уста, но оти имплантот на „Неуралинк“ му овозможил подолго временско уживање во игрите.

Арбо истакна дека може да го користи имплантот осум часа пред да треба да го наполни. Нејасно е како функционира полнењето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе