Вести Македонија

Антикорупциска го чешлала имотот на петмина судии, за двајца од нив проверките сè уште траат

Членувањето на министерот за правда во Судскиот совет останува единствената неисполнета препорака за Македонија од ГРЕКО – Групата држави против корупција во Советот на Европа.

Земјава бележи напредок во второто дополнение на Вториот извештај за усогласеност на ГРЕКО. Се наведува дека 14 од 19-те препораки се спроведени во задоволителна мера или по нив е постапено на задоволителен начин, четири се делумно имплементирани, а само препораката за укинување на членството на министерот за правда во Судскиот совет е неисполнета.

За да се укине неговото членство, потребни се уставни измени. Властите одговориле дека во изминатите четири години министерот за правда ниеднаш не учествувал на седниците на Судскиот совет и не можел да врши влијание, но ГРЕКО не се согласува со тоа.

„ГРЕКО повторува дека секогаш постои ризик од политичко влијание и при отсуство на формално право на глас, па дури и при отсуство на формално и лично присуство на министерот за правда на состаноците поради што изразува жалење за континуираниот недостаток на напредок во поглед на имплементацијата на оваа препорака“, се наведува во извештајот.

ГРЕКО исто така препорачува проширување на опсегот на санкции кои се достапни за дисциплински повреди сторени од страна на обвинителите. Се очекува ова да се реши со измени на Законот за јавно обвинителство.

Делумно спроведена останува и препораката да се предвидат казни за сите пропишани повреди на правилата од страна на пратениците. Се очекува ова да се реши со измени на Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Собраниските служби, пак, треба да подготват интерни правила и процедури за регулирање на контактите со лобистите и трети лица кои се обидуваат да влијаат врз законодавниот процес.

Во претходниот извештај, ГРЕКО препорача да се воспостават мерки за попродлабочено испитување на анкетните листови на пратениците, судиите и обвинителите.

Властите информирале дека Антикорупциската комисија побарала од Финансиската полиција да изврши проверки за петмина судии. Кај тројца судии не било утврдено поголемо зголемување на имотот од нивните приходи и постапката била запрена, а за двајца судии постапката сè уште трае.

Срѓан Стојанчов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе