Вести Македонија Топ тема

Таков грозоморен настан немам видено во мојата кариера, државниот обвинител Коцевски во првото интервју за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во првото телевизско интервју, во ТОП Тема на Телма наведе дека во обвинителската кариера истражувал многу злосторства, но како убиството на Вања Ѓорчевска нема видено.

„Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50/60 случаи вакви, за жал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство, рече Коцевски кој потенцираше дека нема такво искуство.

Коцевски во интервјуто наведе дека очекува скора екстрадиција на Палчевски и оцени дека има многу докази во истрагата за тоа како што вели грозоморно злосторство. Со истрагата се опфатени 5 лица кои се осомничени.

„Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата“, изјави државниот обвинител Коцевски во Топ Тема на Телма.

Топ Тема (1.3.2024): Oбвинителoт Коцевски очекува брза екстрадиција на Палчо

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе