Вести Македонија Најважни

Ковачевски го испофали Алиу, а Меџити го нарече „подизведувач на Таравари“ и му ја спомна смената на Стевановиќ, разрешените со порака „затвори“ до Груби кој ликуваше на нивната смена

Заврши минута пред полноќ, гласовите беа пребројани откако опозицијата ја напушти салата по последната реплика и по исцрпениот дневен ред за говорници. Со 62 гласа „За“, беа разрешени министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Владеачкото мнозинство беше потврдено, министрите од Алијанса на Таравари станаа поранешни, а денот беше исполнет со критики и навреди и главно со опозициски обоени говори.

Владеачките ги обвинуваа разрешените министри дека се министри на ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата напаѓаше со тврдењето дека владата недемократски цени слобода на избор во политика како што го направиле Меџити и Азири и смената се прави по налог на ДУИ и со послушништво на СДСМ.

Во својот говор, министерот Азири рече дека утрово на денот на разрешување добил кратка покана дека Собранието ќе расправа за негова смена без да му ги посочи грешките зошто треба да замине од Илинденска.

Пред да нареди колку процеси за дигитализација во администрацијата се спроведени во неговиот 11-месечен министерски мандат, Алиу директно го обвини Груби за мешање во кадровската политика на министерството додека СДСМ не било заинтересирано за пополнувањето на сопствените веќе договорени директорски позиции.

-Од денешна гледна точка гледам зошто одеше толку тешко назначувањето. Артан Груби со ДУИ-стите одлучувале кој е тој што ги исполнува критериумите и врз основа на сопствени проценки на перформанси ги менувале директорите. Јас ги гледав ДУИ-стите во Алијансата како заедно со оние кои се ДУИ оригинал  ги прават опструкциите, изјави Азир Алиу, во обраќањето пред Собранието.

Денот заврши, а новиот почна со тврдење на екс премиерот Ковачевски. По добиените 62 гласа и мнозинство на работ, тој од партиското седиште оцени дека Европскиот фронт постои, постојат партии кои се залагаат за евро-интеграциите. Едниот разрешен министер доби висока оценка од него како премиер, другиот квалификации блиски до навреда.

-Со министерот Азир Алиу имавме одлична соработка, се работи за врвен професионалец во својата област. Само ако отидете на Google Scholar (интернет пребарувач за научни трудови) и ги видите неговите научни трудови како професор што ги правел ќе видите дека се работи за исклучително квалитетен академски и професорски кадар, рече Ковачевски.

-Има уште еден кадар, министер за здравство којшто имаше малку поинаков начин на функционирање. Тој повеќе делуваше како „подизведувач“ на г-динот Таравари меѓутоа сигурно има и свои предности. И како доктор и како менаџер во Министерството за здравство. Меѓутоа влечеше одредени потези кои кадровски кои никој не ги одобруваше, дури ни тој не се слагаше. Например разрешувањето на д-р. Милена Стевановиќ (директорка на Инфективната клиника) со изговор дека не знаела англиски јазик, а таа студирала на Кембриџ, го оцени Меџити доскорешниот премиер Ковачевски.

Двајцата разрешени од таборот на Таравари преку Фејсбук го обвинија Груби дека во состојба на вознемиреност им упатува закани и заканувачки му порачаа дека со започнатите промени ќе има затвори за одговорните.

-Откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Знаеме дека ти е крајот, но барем покажи дека си маж на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу, многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!, напишаа двајцата разрешени министри во статус на Фб.

Таравари немаше обраќање, а неговите противници се собираа на централно собрание на Алијанса предводени од екс лидерот Зијадин Села. За Ковачевски, заминувањето на Таравари не е клучно за иднината на државата.

-Јас не сметам дека Таравари е толку судбоносен за иднината на државата. Сепак се работи за политичар од Гостивар кој е успешен доктор, кој прави свои политички калкулации и еквилибристики. Иднината на државата не може да зависи од еден човек или од една политичка партија туку станува збор за општествен процес, порача лидерот на СДСМ.

Техничката влада веќе во втората седмица остана без двајца министри, а ќе се пополнува во понеделник.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе