Вести Македонија Топ вести

Зелената агенда ја заменија црвени факели во слава на Илирида

Само пред две години, одеднаш позеленеа.Најавија подобрување на животната средина, пристап до чист воздух, чистење на дивите депонии, намалување на емисиите на гасови.Дури купија и тротинети и велосипеди, како дел од зелената дипломатија.Вработените  велат дека министерот еднаш се качил на тротинет, а неговите вработени ни толку.

Еко-активистите и тогаш скептично вртеа со главите и се покажа дека се во право. „Зелената„ партија остана само во најава, а стана пракса нивниот лидер да слави роденден по институции со дрес-код Версаче.

Партијата го смени и спектарот на бои, деновиве гори во црвена боја.Некрунисаниот технички премиер, во родното место е пречекан од кордон со факели во бојата која во енциклопедиите често означува работи кои се важни, опасни или погрешни. Со извиците „Илирида, Чемерија, Косово“, соселаните го дочекаа својот Ајнштајн, како што го прикажа неговиот брат.

Крунисувањето почна во Собранието, со песна, преку здравици до виски и пури во канцеларии каде е забрането пушење. По примерот на тетоважите од времето на ЈНА, се изработени црвени вратовски со натпис технички премиер и датумот кога е избран. Прославата продолжи во ресторан на скопскиот плоштад, каде што, наместо со тротинет, новиот премиер, за кого во устите на интегративците магично исчезнува  придавката „технички„, пристигна со мерцедес.Ако внимателно се слушаат анализите на упатените, овој фолклор ќе продолжи до изборите.

Албанската опозиција сето ова го нарече „церемонија на самофалење“. Но, тие деновиве и немаат многу време да го анализираат однесувањето во ДУИ.Поголемиот дел од времето го поминуваат во Косово, на средби со Курти и на гостувања на косовските телевизии и радија, додека македонските медиуми чекаат одговори на клучни прашања.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе останам директор на АНБ, Христовски по изборот за асистент додека обвинителството го истражува по пријави за фалсификати

Дејан Дејан

Ковачевски се уште недостапен за случајот „Адитив“, тендерот трипати поскап од пазарните цени

Дејан Дејан

Дефект на главна цевка ќе ги секне чешмите – две третини од Скопје ќе остане без вода за пиење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе