Uncategorized

Судски совет на потег, по одлуката на Врховен за одземање на зградата на ССМ

Правната битка за синдикалниот дом продолжува. Додека државното правообрaнителство одлчува што со објектот по пресудата, синдиклаците не ја губат надежта. Од зградата побараа оставки, а сега и на хартија разрешување на судиите кои кренале рака за ваквата одлука. На судскиот совет му ја испорачаа претставката за разрешување на тројца врховни судии – судскиот совет ќе го разгледува барањето.

Судскиот совет на Република Северна Македонија со внимание ги следи реакциите во јавноста, во врска со Одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, која се однесува на Сојузот на синдикатите на Македонија и во рамките на своите надлежности презема дејствија во насока на констатирање на состојбата“, велат од судски совет.

Државното правобранителство кое е како застапник на државата задоволно што после две деценски судска битка добиле разрешница со која имотот на ССМ преминува на име на Македонија. Одлуката ја добиле денес која за нив е праведна и законита и најавуваа т дека ќе ја почитуваат.

Од страна на судот во целост се почитувани начелата на објективност, независност и непристрасност. Овој орган се оградува од било какви информации и шпекулации за било какви влијанија врз судството кои деновиве беа изнесени во јавноста од страна на претставници на ССМ и сметаме дека неосновано се врши атак врз судството кои сметаме дека имаат политичка позадина“, велат од државното правобранителство.

Од ССМ ги обвинија судиите Шпенд Деваја, Исамедин Лимани и Наке Георгиев дека не ја почитувале одлуката ниту на Уставниот суд од 1992 година, ниту пресудата на Врховниот суд од 2004-тата година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ. За Телма тројцата посочени судии не сакаа да ги коментираат барањата на синдикалците за нивни оставки и кажаа дека одлуката била на советот при Врховниот суд и донесена согласно уставот, законот, меѓународните прописи и слободно судско уверување, како и дека нивниот став го искажале во пресудата. Во советот учествувале 5-мина судии, но според Трендафилов овие тројца гласале имотот на ССМ да премине во рацете на државата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе