Министер за внатрешни работи во техничката влада, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде Панче Тошковски, соопшти Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во Топ Тема на ТВ Телма.
Вториот министер по предлог на опозицијата во техничката влада ќе биде Ѓоко Велковски во ресорот труд и социјална политика.
Стефан Андоновски ќе биде предлог на опозициската партија за министерството за информатичко општество и администрација, а Цветан Трипуновски во министерството за земјоделство.
