Вести Македонија

Таткото на убиената Вања останува во Шутка

Вања Ѓорчевска

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска,  останува во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Кривичниот суд го одби барањето на неговата одбрана за замена на мерката притвор со куќен притвор.

Александар Ѓорчевски беше уапсен на почетокот од декември, откако останатите осомничени посочија дека тој му давал информации на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо за движењето на неговата ќерка. Пред две недели, адвокатот Владимир Туфегџиќ побара куќен притвор „за да се задржи кохезијата на семејството погодено од оваа трагедија“. Барањето уследи по објавата на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на видео материјал со кој тврди дека Ѓорчевски е неправедно осомничен и дека тој всушност го решил убиството на ќерка му.

Обвинителството ги чека вештачењата на прибраните материјални докази кои треба да ја покажат вистинската улога на Ѓорчевски во киднапирањето на девојчето. Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, велешанецот Панче три дена порано, а телата на двајцата убиени беа пронајдени на 3 декември, за што се осомничени 5 лица.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе