Вести Македонија Наука и здравје

Нов дијагностички центар за бронхоскопија на Клиниката за пулмологија

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија денеска беше отворен нов дијагностички центар.   Со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО-прегледи што ќе се вршат на оваа клиника.

Центарот е опремен со медицинска опрема вредна 16 милиони денари обезбедени од Министерството за здравство, односно набавен е бронхоскоп, монитор, процесор и извор на светло, како и ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп. На отворањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров.

– Со отворањето на овој центар, двојно ќе се зголеми бројот на ЕХО прегледи и бронхоскопии, вети министерот за здравство, доктор Фатмир Меџити.

Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

– Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Колку сум заслужил, толку испрати – пораки меѓу советник во Министерството за економија и газдата на Пулс откриваат како дискотеката добивала лиценци

Дејан Дејан

Ја нарекуваат „платформа на Мицкоски“ – СДСМ „распали“ по иницијативата „12:05“ која бара промени во партијата

Sasko Dimovski

Синдикатите и директорката на УЈП седнаа на иста маса по најавениот па откажан протест

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе