Вести Македонија

Лидерско договарање по телефон

До крајот на идната недела ќе имаме нова Влада. Со неа ќе раководи спикерот Талат Џафери кој пред тоа ќе поднесе оставка од пратеник. Претседателското место во Парламентот ќе го заземе Јован Митрески. Паралелно, од Владата ќе си заминат Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски за да им остапат место на техничките министри. Целата оваа процедура утрово била прецизирана и усогласена со законските правила на средбата Ковачевски-Џафери-Митрески.

Ковачевски најверојатно нема да упати покана за лидерска средба со Мицкоски. Обајцата се согласуваат дека `се што треба може да договорат по телефон.

-Ние имаме комуникација со претседателот на ВМРО ДПМНЕ. Не мора сите средби да бидат во сали за состаноци, многу работи може да се завршат и по телефон. Ние сме луѓе што се познаваме, имаме заеднички пријатели, водиме две политички партии кои се најголеми во државата и сметам дека има работи што може на таков начин да се направат, а кои се од техничка природа – предлагање министри во Техничка влада, договарање на термините кои исто така се законски пропишани, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

-Не треба да правиме естрада од сето ова. Работите треба да се движат нормално, без да ја оптоваруваме јавноста со тоа дали се виделе Ковачевски и Мицкоски, дали се слушнале, па што си кажале… Колку повеќе ги релаксираме граѓаните, толку подобро! Не ми пречи и средба да имаме ама може  и по телефон да се разбереме како цивилизирани луѓе за сите прашања за кои треба да разговараме, рече Христијан Мицкоски во интервју за ТВ24.

Техничката или Пржинска Влада треба да почне да работи од 28 јануари, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај. Ќе бидат распишани заедно со претседателските кон средината на февруари. Собранието има мандат и може да одржува седници до 4 април, кога почнува кампањата за претседател. ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за Владата, но ќе учествува во неа со двајца министри и тројца дополнителни заменици. Главна нејзина задача е да организира демократски избори.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе