Вести Македонија Најважни

Прободено 20-годишно момче, три сообраќајки и 23 акутни интоксикации – темната страна на новогодишната ноќ во Скопје

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкуларна хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

„На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување“, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.

Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

„Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме просекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан“, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе