Вести Македонија Најважни

Празнување, музика и огномети – нова година, стари скромни желби

Подобар живот, многу здравје и среќа сите си посакавме на полноќ. Во главниот град, голем број граѓани заборавија на секојдневните грижи и  излегоа на плоштадот под отворено небо  да ја испратат старата и да ја дочекаат Новата 2024 година

Празничната програма беше во организација на Градот Скопје,  а забавата траеше и после полноќ

Во Битола 9 дневната Зимска приказна со голем број настани и концерти во организација на општината синоќа беше заокружена со дочак на платото пред Офицерскиот дом.

Веднаш после полноќ битолчани ги испратија планинарите на традиционалниот 13 по ред  прв спортски настан  во годината  во организација на Олмпус Монс со симболично име Први на први. По  патеката  долга 13 км до врвот Пелистер на 2601 метар годинава се искачија 80 учеснци од цела Македонија и  испратија порака Се што ни треба е љубов.

Меѓу планинарите имаше  28 девојки, но вистински подвиг направи 13 годишниот Јаков Мицевкси,  кој во исклучително тешки услови на температур од -10 степени и ветер од 70 км на час стигна до целта. Иако поради невремето не успеа да ја оствари својата најголема желба како што рече пред искачувањето и да го види изгрејсонцето од Пелистер тој е херојот на годинешниот планинарски амрш

Органзиран  на Новата година  немаше во сите градови низ државата, некои останаа ненакитени, без празнична атмосфера. Забава немаше во Штип, ниту во Тетово, кое пак остана и без новогодишна елка.  Граѓаните сами си направија атмосфера  со огномети низ цел град, но и со  многу петарди и друга пиротехника.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе