Вести Најважни Свет

Огномет и забави на отворено – прв во 2024 година влезе пацифичкиот остров Киритимати

Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, кој е дел од Кирибати, на кој живеат околу 5.000 луѓе, први во светот ја пречекаа новата 2024 година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот, јави агенцијата ДПА.

Киритимати, најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати, е првиот населен остров каде започнува секоја нова година.

И жителите на островите на архипелагот Чатам, дел од територијата на Нов Зеланд, неколку минути подоцна ја прославија Новата 2024 година. Околу 700 луѓе живеат на островите, лоцирани на околу 800 километри источно од јужниот остров на Нов Зеланд.

Првиот голем меѓународен центар што ќе ја пречека Новата година ќе биде најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе