Останато Спорт

Илиоски и Акиевска се најдобрите спортисти во Македонија за 2023: Трајковски од КК Макпетрол најдобар млад спортист

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации синоќа по 69. пат се одржа „Избор на спортист на годината“. Бобан Илиоски и Мери Акиевска се овогодинешните лауреати.

Илиоски годинава имаше два големи успеси. Прво беше светски првак во кик бокс во категоријата лоу кик, а потоа го освои и бронзениот медал на Европското првенство во мау таи. Во женска конкуренција, Акиевска по втор пат во својата кариера ја доби наградата за спортистка на годината. Таа по трет пат стана светска првенка во бодибилдинг и фитнес.

Тренерот на Бобан Илиоски и селектор на македонската репрезентација во кик бокс, Дејан Митровски е најуспешен тренер за 2023 година. Во младинска категорија, најдобар спортист е каратистот на Макпетрол, Витомир Трајковски, додека таеквондистката Милијан Рељиќ ја доби наградата за најдобра спортистка.

Во екипна конкуренција, женската ракометна репрезентација на Македонија е најуспешен женски национален тим, додека во машка конкуренција тоа е одбојкарската репрезентација. Одбојкарите понесоа уште едно признание, односно Одбојкарската федерација е прогласена за најдобра откако беше еден од ко-домаќините на Европското првенство изминатото лето.

Најуспешен спортист со инвалидитет е пливачот Андреј Стојановски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе