Вести Најважни Свет

Протести во Тел Авив против израелската влада и Нетанјаху

Илјадници луѓе излегоа на протести во Тел Авив за да изразат револт против израелската влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху. За време на настанот, Сигалит Хилел, чиј син беше убиен во нападот на 7 октомври од страна на Хамас, се обрати пред насобраните луѓе со прашањето „во која земја мајка го бара својот син во хорор видеа и се моли да биде киднапиран од убиствена терористичка организација.

Во која земја мајката разговара со пријателот на нејзиниот син дали е подобро тој да биде киднапиран или тој да умре?, изјави Сигалит Хилел, мајка на жртвата во нападот на 7 октомври.

На митингот зборуваше и воениот офицер Лиор Села. Тој рече штом ќе бидае ослободен од воениот рок ќе поднесе тужби до одговорните за овој како што вели огромен неуспех.

„Штом ќе бидам ослободен од армијата, ќе ги тужам одговорните за овој огромен неуспех, ова напуштање. А први во редот се израелската влада и Бенјамин Нетанјаху, порача Лиор Села, воен офицер во резервниот состав.

Високиот функционер на Хамас, Осама Хамдан, пак денеска ја критикуваше резолуција на Советот за безбедност на ОН, која повикува на помош во Газа без прекин на непријателствата, нарекувајќи ја „слаба“ и „недоволна“.

Американската администрација со своето однесување сè уште ја потврдува својата целосна вклученост и учество во агресијата против нашиот палестински народ, изјави денеска Осама Хамдан, висок претставник на Хамас.

Меѓувреме продолжуваат насилствата, Израел и утрово ги продолжи разорните бомбардирања на енклавата. Во своето најново соопштение информира дека уапсил 200 членови на групите Хамас и Исламски џихад во изминатата недела и ги однел на своја територија на испрашување. Додаваат дека осомничените се криеле меѓу цивилното население и доброволно се предале.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе