Вести Најважни Свет

Гутереш го обвини Израел дека ја попречува хуманитарната помош во Газа

Камионите со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа, кои се упатија кон преминот Керем Шалом од Египет откако Израел дозволи конвоите да влегуваат и преку нивна територија, запрени поради инспекција. Под притисокот на САД, хуманитарна помош за енклавата од почетокот на војната се дозволува да влезе само преку Египет но таа е во многу мали количини и недоволна.

ОН велат дека само 10 отсто од потребите за храна на Газа влегуваат со недели и дека повеќе од половина милион луѓе гладуваат на територијата. Дополнително израелскиот напад во четвртокот наутро кој ја погоди палестинската страна на преминот, ги принуди ОН да ги прекинат своите активности таму.

Израелската војска тврди дека ги гаѓала милитантите во областа.

Вистинскиот проблем е што начинот на кој Израел ја спроведува оваа офанзива создава огромни пречки за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа. Ефикасната операција за помош во Газа бара безбедност на персоналот кој може да работи во безбедност, логистички капацитет и продолжување на комерцијалната активност.Овие четири елементи не постојат, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во услови на зголемен глобален гнев поради големиот број цивилни жртви и продлабочувањето на хуманитарната криза во енклавата, САД се воздржаа од гласањето во Советот за безбедност на ОН, дозволувајќи да се усвои резолуцијата, поднесена од Обединетите Арапски Емирати. САД резолуцијата ја нарекоа „трошка надеж“.

Овој совет даде трошка надеж меѓу морето од незамисливо страдање. Денес, овој совет повика на итни чекори за веднаш да се овозможи безбедно, непречено и проширен хуманитарен пристап и создавање услови за одржлив прекин на непријателствата, порача амбасадор на САД во Обединетите нации Линда Томас – Гринфилд.

 Меѓувреме продолжуваат насилствата, Израел и утрово ги продолжи разорните бомбардирања на енклавата која е прекриена со облаци од чад. Семејствата во Газа и утрово ги пребаруваа телата на загинатите, а дел од нив се собраа да ги погребат своите најблиски.

Бројот на загинати Палестинци во војната меѓу Израел и Хамас достигна мрачна пресвртница од 20.000 смртни случаи, што пак претставува речиси 1% од население на територијата.

Имаше ли отпор, милитанти во оваа куќа? Каков отпор? Целата куќа е тука. Вие ја уништивте и ја претворивте во куп урнатини. Нема да најдете ништо освен детските кукли и прибор на подот за да јадат децата. Нема да најдете ништо повеќе. Мирни луѓе на кои пуштивте околу сто тони експлозив само за да ги убиете, вели Белал Калифа жител на Газа.

Израелската воздушна и копнена офанзива е една од најразорните воени кампањи во поновата историја, раселени речиси 85% од 2,3 милиони жители на Газа, а широки делови од малата крајбрежна енклава се срамнети со земја.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе